Фудбалерот на Вест Хем, Дмитри Паје, до крајот на овој зимски преоден рок ќе го облече дресот на францускиот прволигаш Олимпик Марсеј, тврдат медиумите од Англија.
Тој поминува низ тежок период во Вест Хем и одбива да игра за тимот, но очигледно е дека ќе дојде крајот на целата сага за него, а „чеканите“ ќе добијат 25 милиони евра за неговиот трансфер. Тоа значи дека Паје повторно ќе го облече дресот на Марсеј, каде настапуваше од 2013 до 2015 година и одигра вкупно 82 натпревари, постигнувајќи и 16 погодоци.
Паје претходно се поврзуваше и со трансфер во Реал Мадрид, но до такво нешто нема да дојде, а се очекува повторно да го носи дресот на Марсеј.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА