Договорено: Артур доаѓа на „Камп ноу“ догодина, Барса плаќа 30 милиони евра

Раководството на Барселона успешно финишираше уште еден трансфер, договарајќи ги деталите околу пристигнувањето на Артур од редовите на Гремио. Станува збор за играч за врска кој веќе подолго време се наоѓаше на листата со желби на каталонците, за најновото патување на директорот Роберт Фернандез во Бразил конечно вроди со плод, па беа договорени сите детали од овој трансфер.

Барселона ќе плати 30 милиони евра за Артур, плус дополнителни десет што би можеле да се платат доколку се исполнат условите од неколку различни клаузули, поврзани со настапите на фудбалерот, но и со бројот на освоени титули на Барса со Артур како член на овој клуб. Она што е најважно – Бразилецот ќе пристигне на „Камп ноу“ во јануари 2019 година, откако ќе се отвори место за нов фудбалер надвор од ЕУ со тоа што Филипе Кутињо ќе добие португалски пасош.

Се вчитува...