Договорено: Борусија Дортмунд го доби потписот на Белингем

Јуд Белингем, англискиот репрезентативец и сегашен фудбалер на Реал Мадрид, остави длабока трага во Борусија Дортмунд. Во трите години настапи, тој се афирмираше како едно од најголемите имиња во таборот на „милионерите“, а во 2023 година замина во таборот на „кралевите“ каде што продолжи да блеска, и веднаш уште по првата сезона успеа да се закити со трофејот во Лигата на шампионите.

По неговите стапки сега тргнува и неговиот брат Џоб Белингем. Белингем помладиот има 19 години, игра на иста позиција како и неговиот брат во средниот ред, и тој веќе ги договори условите за преселба во Дортмунд. Белингем доаѓа од таборот на Сандерленд, кој би требало да добие обесштетување нешто околу 20 милиони евра, и дополнителни пет милиони ако бидат остварени бонусите во договорот.

19-годишниот Џоб Белингем, исто како и неговиот брат потекнува од младинската школа на Бирмингем. Беше дел за сите помлади селекции, а во моментов е англиски репрезентативец до 21 година.

И покрај интересот на Манчестер Сити, сепак, по препорака на својот брат Џуд, Џоб ќе го носи „жолто-црниот“ дрес. Во следните денови треба да биде и официјализиран потписот.

Се вчитува...