Елиф Елмас се враќа во Наполи. Тоа е речиси 100% сигурна зделка., откако двата клуба и играчот веќе се договориле, само остануваат да се финализираат деталите.
Според информациите од Италија, идната сезона Елмас ќе ја мине како позајмен играч од Лајпциг. Сега се преговара Наполи да ја преземе неговата плата 100%, со што ќе има потпис на договор. Не е познато дали потоа Наполи ќе има задолжителна или само откупна клаузула за играчот од средниот ред.
После една и пол година, Елмас се враќа на местото каде што ги доживеа најголемите успеси во клупската кариера. Тој замина во Лајпциг на почетокот на 2024 година, и не се снајде во германскиот тим, по што вториот дел од минатата сезона го мина во Торино.
Денеска Елмас беше вклучен на списокот на македонската репрезентација за мечевите со Саудиска Арабија и со Лихтенштајн. Тој треба веќе денеска да дојде во Неапол на комплетирање на зделката.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

