ДОГОВОРЕНО: Елмас во Лајпциг до 2028 година!

Еден од најдобрите македонски фудбалери, Елиф Елмас кариерата ќе ја продолжи во бундеслигашот Ред Бул Лајпциг.

Нешто кое веќе се шпекулираше изминатите неколку дена, вечерва доби потврда, а нашиот „Дијамант“ во Лајпциг ќе потпише договор до летото 2028 година.

По четири и пол години поминати во Неапол, нашиот најдобар фудбалер премина во Лајпциг за сума од 25 милиони евра, а во следните неколку дена се очекува да ги помине и медицинските прегледи.

Елмас беше дел од тимот на Наполи кој по скоро триесет години успеа да ја освои титулата во италијанската Серија А.

Се вчитува...