Манчестер Сити постигна договор со Кристал Палас за Марк Гехи. Централниот дефанзивец ќе стане второто засилување за „граѓаните“ после Антоан Семењо.
Лондонскиот тим ќе заработи 20 милиони фунти, кои се доста помалку од бараните 35 милиони милиони. Во договирте има и бонуси, како и процент од следна продажба за англискиот стопер.
Во последниот ден од минатиот преоден рок, Палас договори трансфер на Гехи во Ливерпул за 35 милиони, но трансферот во последен момент пропадна поради заканата на тренерот Гласнер дека ќе си замине ако биде продаден стоперот.
И ова е добра сума за Палас, со оглед дека на лето ќе биде слободен агент. И покрај Сити, заинтересирани за стоперот се Ливерпул, Арсенал, Баерн Минхен, а се споменува и Реал Мадрид.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

