Договорено: Интер и дефанзивецот заедно најмалку до 2028

Интер и холандскиот репрезентативец Дензел Дамфрис се договорија да го продолжат договорот до 2028 година. Сите детали се веќе договорени, и сега само се очекува официјалниот потпис на Холанѓанецот.

Дамфрис дојде во Милано во 2021 година од ПСВ за 16 милиони евра, и десниот бек се наметна како првотимец во миланскиот гигант. Неговиот актуелен договор истекува на крајот на сезоната, меѓутоа Интер сака да го врзе пред да дојде јануари, кога ќе може да си замине за помала сума на пари.

Дамфрис е холандски репрезенаттивец, а за Холандија има одиграно 63 натпревари и има постигнато девет голови.

Се вчитува...