Договорено: Јувентус го ангажираше еден од најбараните голгетери и тоа бесплатно

Јувентус ја заврши сагата околу барање на напаѓач откако го договори трансферот на Џонатан Дејвид во своите редови. Напаѓачот доаѓа од редовите на Лил, и тоа само еден ден откако стана слободен агент, со оглед дека му истече договорот со францускиот клуб.

Дејвид беше еден од најбараните голгетери во Европа, за него имаше интерес од англиски клубови, но и од Наполи и Интер, меѓутоа Јувентус наводно успеала да го привлече со тоа што му ветила познајачна улога во нападот, односно дека ќе биде во преден план, со оглед дека има намера да се раздели од Душан Влаховиќ.

Во следните денови или часови ќе бидат објавени детали од договорот, но веројатно тоа ќе биде петгодишна соработка со „бјанконерите“.

Се вчитува...