Никола Калиниќ е најголемиот мундијалски лузер по фарсата со Златко Далиќ и отстранувањето од хрватската репрезентација. Тој се врати во Милано и ги почна подготовките со Милан, но во новата сезона нема да биде дел од „росонерите“ откако беше договорено неговото заминување во редовите на Атлетико Мадрид.
Шпанскиот клуб по десетдневни преговори конечно се договори со италијанскиот гигант Калиниќ да дојде на едногодишна позајмица, но потоа Атлетико наредното лето задолжително да го откупи неговиот договор за 18 милиони евра.
Калиниќ нема да биде стандарден првотимец, туку резерва за Коста и Гризман, наследувајќи го во оваа улога поранешниот капитен Фернандо Торес.
Во меѓувреме, Атлетико Мадрид ги финишира и преговорите за трансферот на Желсон Мартинс, одличниот крилен офанзивец на Спортинг Лисабон.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА