Барселона ќе биде новиот клуб на Франк Кеси од наредната сезона откако фудбалерот за врска на Милан веќе ги договори сите детали за преселба во таборот на каталонскиот гигант. Управата на Милан нецели две години се обидува да потпише нов договор со овој фудбалер, кој одби бројни понуди за продолжување на соработката, по што летово како слободен играч ќе си замине од „Сан Сиро“.
Сериозен интерес за Кеси пристигна од англиската Премиер-лига, но тој на крајот се реши да се пресели во таборот на Барселона. Шпанските медиуми денеска информираат дека е постигнат целосен договор меѓу каталонскиот гигант и агентот на фудбалерот, за четиригодишен договор со загарантирана плата од 6,5 милиони евра по сезона.
Кеси е вториот договорен слободен трансфер на Барса за летниот преоден рок, по Кристијансен од Челси. Каталонците ги финишираат и преговорите за ангажман на Мазрауи од Ајакс, како и за враќање во Ла Лига на шпанскиот ветеран Цезар Азпиликуета.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА