Екипата на Баер Леверкузен даде зелено светло да го пушти својот играч од средниот ред Гранит Џака, да се пресели во Милан. Претходно беше објавено дека Лука Модриќ се договорил со клубот од „Сан Сиро“ за соработка, но тој ќе пристигне после Светското клупско првенство.
Трансферот на Џака во Милан би требало да биде помеѓу 8 и 10 милиони евра. Швајцарскиот интернационалец за првпат ќе игра во Серија „А“, откако претходно беше дел од Борусија Менхенгладбах и Арсенал.
Милан доби нов тренер во името на Масимилијано Алегри, и сега го гради тимот за идната сезона. Замина Тијани Рејндерс кој потпиша за Манчестер Сити, а пред заминување се и Тео Хернандез и Лука Јовиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

