Манчестер Јунајтед денеска комплетираше две важни засилувања, бидејќи од Минхен пристигнаа Матијс де Лихт и Нусаир Мазрауи. Сите сигурни извори објавија дека Манчестер Јунајтед и Баерн Минхен постигнале договор за следниот принцип:
За Де Лихт отштета е 45 милиони + 5 преку лесно остварливи бонуси, додека за Мазрауи отштетата е 15 милиони + 5 преку лесно остварливи бонуси.
Во превод, Јунајтед ќе добие пакет од максимални 70 милиони евра. Пред нив пристигнаа Лени Јоро и Џошуа Зиркзе, па Јунајтед полека ги пакува работите за следната сезона во која сигурно се надеваат дека ќе бидат многу подобри.
Останува да видиме кој ќе биде новиот заден играч за врска, бидејќи Касемиро и МекТоминеј се на излезна врата од „Олд Трафорд“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА