Лионел Меси на прес-конференцијата на „Камп Ноу“ изјави дека се уште нема одлучено каде ќе ја продолжи кариерата, но само два часа подоцна пристигна информацијата дека најдобриот фудбалер на денешницата дефинитивно ќе потпише договор со ПСЖ.
Францускиот гигант во изминатите два дена водеше интензивни преговори со неговиот татко, за утрово да биде испратена и официјалната понуда за ангажман на аргентинскиот генијалец. Речиси сите детали се договорени, остануваат само уште неколку ситници, па Меси веќе го договорил своето пристигнување во Париз во текот на утрешниот ден.
Веднаш ќе следат лекарските прегледи пред финализирање на трансферот, што според француските медиуми ќе биде комплетиран најдоцна за 48 часа.
Меси ќе потпише договор на две сезони за годишна плата од 40 милиони евра, повисока сума од онаа што во моментов ја зема Нејмар, кој е најплатен во таборот на „светците“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА