Договорено: Мурињо го добива посакуваното засилување

Жозе Мурињо може да биде задоволен од активностите на Рома на фудбалскиот пазар летово откако управата на „римската волчица“ договори уште еден нов играч што португалскиот стратег сакаше да го види во своите редови.

Станува збор за Ренато Санчез, португалскиот играч за врска кој е член на ПСЖ. Тој не се снајде најдобро по трансферот од Лил во ПСЖ, ретко добиваше шанса од Галтие, а и новиот тренер Луис Енрике веќе му даде до знаење дека може да си бара нов клуб. По ова следеше интензивирање на преговорите меѓу двата клуба, по што беше постигнат договор за едногодишна позајмица за 1,5 милиони евра, со задолжителен откуп наредното лето за сума од дополнителни 13 милиони евра.

Ренато Санчез има 5,5 милиони евра годишна плата според договорот со ПСЖ, а „светците“ ќе покријат дел од оваа сума во наредните 12 месеци, додека Португалецот и официјално не стане член на „волчицата“.

Се вчитува...