Наспроти добро познатата тензија која владее секогаш кога на спортската сцене ќе се соочат клубови или национални селекции од Србија и Хрватска, за 15. јуни во Суботица договорено е најпријателското балканско супердерби.
Договорен е пријателски натпревар меѓу аматерските репрезентации на српското малцинство кое живее во Хрватска против хрватското малцинство кое живее во Србија. Мечот е закажан во Таванкут, во близина на Суботица, место во кое е најбројна хрватската заедница.
Како што истакнуваат организаторите, натпреварот е проект за да се победи и понатаму големиот национализам кој владее во регионот, после крвавата војна при распадот на поранешна Југославија во 90-те години од минатиот век.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА