Договорено: Нејмар се враќа во Барса, Ракитиќ и Тодибо одат во ПСЖ

Барселона и ПСЖ се договорија за враќање на Бразилецот Нејмар во редовите на каталонскиот клуб.

Како што пренесуваат поголемиот дел европски медиуми, Барса и ПСЖ се договориле околу цената за бразилскиот репрезентативец, а веќе е паднат и договорот околу тоа кои двајца фудбалери ќе одат во спротивен правец од Барселона кон Париз.

Според последните информации, одлучено е во ПСЖ да одат хрватскиот репрезентативец Иван Ракитиќ и Жан-Клер Тодибо.

Летниот преоден рок завршува во понеделник па јасно е дека Барселона не сака повеќе да чека. Доколку се биде во ред на финалниот состанок меѓу раководствата на двата клуба кој е закажан за вечерва во Монако, трансферот на Нејмар се очекува официјално да биде потврден доцна вечерва или утре наутро.

Се вчитува...