Олимписките Игри во Токио нема да се одржат летово, туку ќе бидат одложени за 2021 година, конечно се договорија челниците на ИОК и претставниците на јапонската влада.
Иако минатата седмица делуваше дека ставот за одржување на ОИ 2020 е дефинитивен, зголемениот притисок од јавноста и најавите на дел од земјите дека нема да испраќаат свои спортисти во Токио вроди со плод. Раководството на ИОК беше подготвено за промена на терминот, но потешкиот дел од задачата беше да се убедат Јапонците, кои имаа вложено огромни средства за овој настан.
Сепак, по денешната средба Премиерот на Јапонија, Шинзо Абе, даде зелено светло за одложување на ОИ. Се очекува во текот на денот веста да биде официјализирана, воедно и да се наведе новиот термин на Игрите, кои годинава требаше да се одржат од 24 јули до 9 август.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА