Се поверојатно е дека Кристијано Роналдо ќе го продолжи договорот со Ал Наср, клубот во кој дојде на почетокот на 2023 година, отворајќи го патот за пристигнување на неколку светски ѕвезди во Саудиска Арабија. Овој потег би значел дека Португалецот ќе ја заврши кариерата во овој клуб, а не во Спортинг Лисабон како што се шпекулираше.
Договорот на португалскиот напаѓач истекува на крајот од оваа сезона, но играчот веќе имал понуда да го продолжи престојот во клубот на неколку месеци.
Но, ако во јануари понудата беше за едногодишно продолжување, според „Марка“ најновата понуда од арапскиот гигант е за уште две сезони. Тоа значи дека капитенот на португалската репрезентација може да игра до 2027. и 42 години… но само ако сака.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА