Њукасл има договор со Милан за трансфер на стоперот Малик Тиао. „Росонерите“ пред неколку дена ја одбија понудата од 30 милиони евра од „страчките“, но сега ја прифатија онаа од 40 милиони евра, од кои пет се во бонуси.
Двата клуба веќе се подготвуваат за овој трансфер, и само детали го дели Германецот од потпис со Премиерлигашот. Веќе утре дефанзивецот би требало да слета во Англија, и да ги мине лекраските прегледи.
Тиао е во Даблин каде што Милан игра пријателски меч со Лидс, а веќе утре во Лондон ќе играат контрола со Челси.
Милан веќе почна да ја бара замената за Тиао. Има двајца кандидати, и тоа Џовани Леони од Парма и Пјетро Комуцо од Фиорентина.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

