Њукасл е на добар пат да го комплетира ангажманот на Дуван Запата, кој ќе биде главно засилување на „црно-белите“ во овој преоден рок, играч што треба да биде од огромна помош во борбата за опстанок во англиската фудбалска елита. Њукасл веќе го потпиша Трипие, во преговори е и за позајмица на Џеси Лингард, а истата формула се очекува да биде употребена и за трансферот на Запата.
Колумбиецот би пристигнал во Њукасл на шестмесечна позајмица од Аталанта, но со клаузула со која тој задолжително би бил откупен од англискиот премиерлигаш летово доколку клубот обезбеди опстанок во елитата. Преговорите почнаа со понуда за позајмица, плус клаузула за 28 милиони евра за откуп, а последната понуда на Њукасл изнесува шест милиони фунти за позајмицата, плус 40 милиони фунти за откуп ако клубот опстане во Премиер-лигата.
Колумбискиот голгетер следното лето ќе има 31 година и челниците на Аталанта се свесни дека нема да можат да го продадат за повисока сума од онаа што ја нуди Њукасл, па затоа се подготвени да ги финишираат преговорите и да дадат зелено светло за заминување на Запата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА