Лучијано Спалети официјално е нов тренер на Јувентус. Поранешниот италијански селектор и тренер на неколку тимови, меѓу кои Наполи, Рома и Интер потпиша договор со „Бјанконерите“ до крајот на сезоната.
Договорот на Спалети автоматски ќе биде продолжен, доколку тимот на крајот на сезоната избори место во Лигата на шампионите. Во тој случај Спалети ќе остане на клупата и во следните две години, односно до 2028 година.
Спалети на клупата на Јувентус го замени Игор Тудор, кој доби отказ после поразот од Лацио. Вчера екипата на Јувентус со в.д. тренер триумфираше над Удинезе со 3-1.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

