Денеска последен натпревар на Горан Станиќ на клупата на Работнички

Работнички денеска го игра последниот натпревар од оваа сезона. „Романтичарите“ имаат гостување во Струмица кај екипата на АП Брера, а што и да се случи, екипата не може ниту полошо ниту подобро од третото место, и обезбеден пласман во Лигата на Конференции идната сезона.

Воедно, овој меч ќе биде последен и за Горан Станиќ на клупата на тимот од Дебар Маало. Како што е познато, Станиќ е веќе назначен за селектор на младата репрезентација до 21 година, и ќе мора да се посвети само на таа функција, односно не може да ги извршува и двете функции.

Затоа приоритет за „романтичарите“ веднаш по завршувањето на сезоната ќе биде назначување на нов предводник, кој ќе ја подготвува екипата за европските предизвици, а потоа и за успешни настапи во ПМФЛ.

Во пред ова коло, Работнички сезонава има скор од 15 победи, 11 нерешени и шест порази.

Се вчитува...