Дојде и тој ден: Хари Кејн викендов ќе ја урне големата „клетва“?

Баерн Минхен има осум бода предност во однос на Баер Леверкузен и само чудо може да спречи баварскиот гигант да се врати на тронот на германскиот фудбал. Баерн би можел да стигне до титулата веќе викендов, што ќе значи и уривање на големата клетва на Хари Кејн, извонредниот голгетер кој на 32-годишна возраст нема освоено ниту еден трофеј во кариерата.

Кејн и како член на Тотенхем и во дресот на Баерн стигнуваше до признанијата за најдобар стрелец, но Англичанецот секогаш остануваше со празни раце кога станува збор за титулите во Премиер-лигата или во Бундес-лигата, или пак куп-финалињата (има и едно загубено финале во ЛШ со Тотенхем).

„Фудбалот е тимска игра, индивидуалните признанија се прекрасни, но секако дека посакувам и трофеи со моите екипи. Не сум загрижен, верувам дека и тој момент ќе дојде“, истакна Кејн пред неколку месеци.

Сега, на чекањето конечно се чини дека ќе му дојде крајот. Ако Баерн слави на својот меч, а Баер Леверкузен не триумфира следниот викенд, тоа ќе значи и титула за баварците. Кои претходно 11 години по ред беа шампиони на Германија, пред да дојде Кејн – и да ја загубат ланската трка од „фармацевтите“ на Чаби Алонсо.

Се вчитува...