Конечно го дочекавме и тој ден женската ракометна репрезентација на Македонија да гази на терен и да слави победа не со гол-два туку со цели 19 гола разлика! И ракометарките и селекторот Симе Симовски и целата македонска ракометна јавност можеше само да посака ваков старт на репрезентацијата во квалификациите за баражот за СП 2019 што овие три дена се играат на домашен терен во СЦ „Борис Трајковски“.
Македонија ја оправда фаворитската улога во дуелот со аутсајдерот Азербејџан, но девојките одиграа максимално ангажирано, борбено и дисциплинирано од почеток до крај и ја зграбија шансата со двете раце. Оваа прва победа сигурно ќе донесе дополнителна самодоверба и мотивација, вака цврсто да се одигра и во наредните два дуели , утре со Исланд и в недела со Турција на патот до првото место во групата кое носи пласман во јунскиот бараж за СП 2019 во Јапонија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА