Дојде како едно од најголемите засилувања, сега се бара да се избрка од „Олд Трафорд“

Не така одамна, Мејсон Маунт беше прогласен за еден од најголемите таленти на англискиот фудбал. Овој играч од Челси се пресели во Манчестер Јунајтед, и навивачите имаа огромни очекувања од него. Меѓутоа после само неколку месеци, моментално е еден од најомразените играчи меѓу фановите на „Црвените Ѓаволи“.

Сега навивачите сметаат дека е едно од најголемите промашувања на тимот, и бараат да биде продаден и да го напушти „Олд Трафорд“. Сметаат дека Маунт воопшто не напредувал во екипата, и воопшто не донел никаков придонес за Манчестер. Маунт во последно време често има проблеми со повреди.

Оваа сезона Маунт настапи на 12 настапи, но во тие одигра само 403 минути на теренот, што значи дека практично на сите натпревари доаѓал од клупата.

Пред неколку години со Челси го подигна трофејот во Лигата на шампионите, и кога се чинеше дека ќе биде идната англиска ѕвезда, неговата кариера оди во надолна линија.

Јунајтед го плати неверојатни 64 милиони евра, но со неговиот придонес не ги оправда вложените пари во него. Одигра само 32 меча за Јунајтед за година и пол престој на „Олд Трафорд“ и има еден гол и една асистенција.

Се вчитува...