Дојде како големо засилување, а сега сакаат да гo вратат во Дортмунд

Напаѓачот на Брегот на слоновата коска, Себастијан Але на почетокот на сезоната замина на позајмица во шпански Леганес од редовите на Борусија Дортмунд чив член е од 2022 година.

Иако дојде како големо засилување од шпанскиот клуб се разочарани од него. Од почетокот на сезоната тој за Леганес одигра само 405 минути на осум натпревари, на кои не запиша ниту гол, ниту асистенција.

Двете страни би биле задоволни позајмицата да заврши на први јануари, па Але да се врати во таборот на „милионерите“.

Се вчитува...