Еден од најважните фудбалери на Франција, Антоан Гризман се повлече од националниот тим и со тоа стави крај на долгата серија последователни натпревари за националниот тим.
Ведетата на Атлетико Мадрид одигра дури 84 последователни натпревари за националниот тим. Сега таа рекордна серија ќе биде прекината, откако наместо него е повикан Матео Гендузи од Лацио.
Од 2014 година, Гризман одигра вкупно 127 натпревари за триколорите и постигна 44 гола. Тој беше одлучувачки за освојување на Светското првенство во 2018 година и среброто четири години подоцна.
На полувремето од дербито против Барселона, Гризман ја напушти играта, па веројатно во Франција не сакаа да ризикуваат, пред Европското првенство во Германија кое почнува во јуни.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА