На краток рок, клубот и неговите директори се победници во битката, но на долг рок нема апсолутно никакви гаранции дека Барселона ќе ја добие војната со аргентинскиот виртуоз, Лео Меси. Многу скоро би можело да се покаже и дека оваа победа би можела и да биде пирова. Иако Меси по објавувањето на одлуката за останување на социјалните мрежи напиша дека ќе биде посветен на клубот кој е неговата најголем љубов.
Но, зошто всушност остана Меси? Во суштина, најпростото објаснување е дека тој проценил оти едноставно нема опција да си оди и дека бил комплетно измамен од претседателот Жозеп Марија Бартомеу кој постојано му велел дека ако не е среќен ќе може да си замине на крајот од сезоната како што стои во неговиот договор.
Сепак толкувањето на правниот тим на Меси дека крајот на првенството оваа сезона е во август, а не во јуни и дека Аргентинецот има можност да побара раскин по реалното завршување на сезоната, а не по 10.јуни како краен термин паднаа во вода бидејќи Ла Лига и нејзиното раководство избраа да застанат на страната на Барселона.
Како ситуацијата воопшто и дојде во овде? Меси кој тешко се справува со поразите, вооппто во текот на целата кариера, во текот на оваа сезона постојано искажуваше незадоволство од тоа што неговиот основен впечаток беше дека клубот нема концепт, нема проект. Особено големо беше незадоволството од претседателот Бартомеу и неговите игри во и вон клубот.
Како понатаму? Барселона е клуб во транзиција. Новиот тренер Роналд Куман тргна остро. Антон Гризман, Ансу Фати, Осман Дембеле, Марк-Андре Тер Штеген, Френки де Јонг, Миралем Пјаниќ – ова сепак е состав кој би можел да го увери Меси дека Барселона и натаму има голем капацитет.
Но, Куман и тимот ќе мора да се навикнат да работат со ѕвездата која едноставно не сака да биде на „Ноу Камп“ и е под постојано чувство дека бил измамен од првиот човек. Барселона задржа играч кој јасно кажа дека е несреќен и оти сака да си оди. Бартомеу кој ќе ја напушти позиција во март пред претседателските избори во клубот си ја оствари целта, да не биде претседателот кој го загубил Меси.
Крајот на следната сезона, ќе донесе слобода за Меси и можност да направи промена и да ги напушти клубот за кој вели дека ќе биде подобро ако тој не е таму затоа што смета дека и на Барселона и е неопходно освежување.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА