Дојде моментот за разделба: ПСЖ го стави Донарума на трансфер листа

Европскиот шампион ПСЖ и Џанлуиџи Донарума ќе се разделат ова лето, откако францускиот тим се реши да го стави голманот на трансфер листа, тврдат дел од француските медиуми.

Според информациите, двете страни не нашле заеднички јазик околу нов договор, по што сега Италијанецот ќе биде продаден за да не си замине како слободен агент во 2026 година, кога му истекува договорот.

Францускиот гигант во исто време работи на ангажман на нов голман. Веќе е договорен Лука Шевалие од Лил, кој во скоро време ќе потпише петгодишен договор.

Засега најблиску до услугите на Донарума е Манчестер Јунајтед. Се верува дека ПСЖ ќе се согласи на сума од 30 милиони евра за чуварот на мрежата, кој пристигна од Милан во 2021 година како слободен агент.

Се вчитува...