„Дојде, виде, победи“ – Мурињо е „специјален“, Рома е освојувач на Конференциската лига (ВИДЕО)

Жозе Мурињо успеа да испише историја откако стана првиот тренер кој успеал да ги освои сите титули во натпреварувањата на Европската фудбалска федерација (УЕФА). По освојувањето на трофеите во Лигата на шампионите и Лигата на Европа, тој вечерва со својата Рома славеше во финалето на новоформираната Конференциска лига против холандскиот Феенорд со минимални 1-0.

Клучниот момент во натпреварот се случи во 32. минута кога Николо Заниоло на асистенција на Манчини постигна прекрасен гол кој значеше освојување на титулата за „римската волчица“.  Во второто полувреме за издвојување е неверојатната интервенција на Руи Патрисио во 50. минута.

Рома е прв италијански тим по пауза од 12 години кој успеал да освои европско натпреварување, а последен пат тоа му успеа на Интер во 2010 година во Лигата на шампионите, тим од кој беше дел нашиот Горан Пандев, а од клупата го водеше токму Жозе Мурињо.

За тимот од главниот град на Италија ова е прв голем европски трофеј, откако претходно го имаа освоено само купот на саемските градови во 1961 година и англо-италијанскиот куп во 1972 година.

Се вчитува...