Луис Хамилтон само една сезона е во Ферари, а веќе се шпекулира за негов наследник. Ветеранот не се снајде најдобро во црвениот болид на италијанскиот тим. Седумкратниот светски шампион влегува во последната фаза од својата кариера, па така од Ферари веќе размислуваат за негова замена.
Поранешниот шеф на Хаас, Гинтер Штајнер верува дека тимот веќе има подготвено решение. Според него, Оливер Берман е сериозен кандидат да го замени Хамилтон.
Берман е член на Академијата на возачи на Ферари од 2021 година, и веќе се смета за голема иднина за тимот од Маранело. Иако има само 20 години, има сериозно искуство во Формула 1, во Ферари и во Хаас.
Иако не ја почна добро сезоната 2025 година, сепак, на средината на сезоната се случи пресврт, и стана редовен учесник во квалификациите, и освојуваше поени. Тој освојуваше поени во последните девет трки, по што е јасен показател дека кај него има напредок.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

