„Дојдов во Црвена Звезда за да ја освојам Евролигата“

Американското засилување на Црвена Звезда, поранешниот НБА кошаркар, Ајзеа Кенан на подкастот на Чима Монеке откри како стигнал до потпис со српскиот тим и што очекува од сезоната.

Како што вели искусниот Американец тој во Белград пристигнал на повик на тренерот Јанис Сферопулос, а цели со „црвено-белите“ да испише историја и за прв пат во клупската историја да го освои најпрестижниот европски трофеј.

„Ме повика Јанис Сферопулос и ме праша за мојата ситуација. Во тој момент не знаев каква ќе биде мојата иднина и чекав да видам што сака Олимпијакос. Знаев дека ако не дојде до продолжување на соработката ќе морам да продолжам понатаму. Кога еден тренер ќе ви дозволи да бидете свои и да ја играте својата игра со тимските замисли тешко е да одбиете повик“, откри Кенан.

„Тренерот ми ги кажа целите и што сака да постигне, како и која ќе биде мојата улога во сето тоа. Сакав да дојдам тука и да направам нешто со Црвена Звезда, нешто што долго го немаат направено, а тоа е да се вратиме во плеј-офот и да ја освоиме Евролигата“

Се вчитува...