Дојл со еврогол во 91. минута го одведе Шефилд Јунајтед во полуфиналето на ФА Купот (ВИДЕО)

Шефилд Јунајтед се пласираше во полуфиналето од ФА Купот откако во драматичен натпревар проследен со пет гола славеше со 3-2 против Блекбурн благодарение на Дојл кој постигна еврогол во првата минута од судиското продолжение.

Дијаз од белата точка во 21. минута донесе предност од 0-1 за Блекбурн, но само седум минути подоцна автоголот на Галагер донесе изедначување од 1-1. Смодикс во 60. минута одново донесе водство за гостите, но ни овој пат Блекбурн не успеа да ја зачува предноста.

Целосниот пресврт го најави Мекбурни во 81. минита, а Дојл на асистенција на Берге ја затресе мрежата во 91. минута.

Се вчитува...