Доказ за квалитетот: Пандев меѓу Топ 5 играчи кои му дале најмногу голови на Џиџи Буфон (видео)

Џанлуиџи Буфон денеска и официјално му кажа збогум на фудбалот, а зад неговото име остануваат запишани 1175 одиграни натпревари и вкупно 983 примени голови.

За нас интересно, меѓу петмината фудбалери кои му имаат дадено најмногу голови на италијанскиот чувар на мрежата е и нашиот Горан Пандев. Македонецот кој во Италија настапуваше за Лацио, Интер, Наполи и за Џенова вкупно шест пати успеа да го матира Буфон во кариерата, а за спомен остануваат овие две ремек-дела, по едно во дресот на „лацијалите“ и на „наполитанците“.

Прв на оваа фантастична топ-листа е Франческо Тоти, легендата на Рома во својата кариера 11 пати го матираше Буфон, еднаш повеќе во однос на Кристијано Роналдо.

Треторангиран на листата е Кристијан Виери со вкупно осум гола во мрежата на Буфон, а на делба на четвртото место со Пандев се наоѓа Мауро Икарди, со шест погодоци против легендарниот голман.

Се вчитува...