Доказ за квалитетот: Пионерите на Алкалоид, победници на силниот турнир во Нант

Пионерскиот тим на Алкалоид забележа одличен успех откако го освои првото место на силниот турнир што во изминатите денови се одржуваше во Нант, Франција.

Македонскиот суперлигаш доминантно стигна до место во финалето, лесно совладувајќи ги ривалите на патот до мечот за трофејот, а таму Алкалоид беше подобар од шпанскиот претставник Хихон со 27-26. Само неколку часа откако во полуфиналето славеа над Понтеведра од Шпанија со 23-20, пионерите на Алкалоид одиграа уште еден одличен дуел во кој заслужено се радуваа на победата.

Иако триумфот е минимален, мора да се истакне дека Алкалоид го контролираше резултатот од самиот почеток во кој поведе со 7-2, на полувреме имаше водство од 17-12 што го претвори во конечен триумф.

Се вчитува...