Навивачите на Сент Паули се вистинските херои на германскиот фудбал оваа сезона, откако нивната неверојатна кампања придонесе клубот да се спаси од крајно непријатна финансиска криза.
Бундеслигашот од Хамбург се соочи со проблеми поради барањето на компанијата „Милернтор“, која стопанисува со стадионот, нејзините акции да бидат откупени. Во спротивно се закануваше дури и заминување од оваа фудбалска арена, но навивачите свесни за големата опасност тргнаа во акција, собирајќи неверојатни 27 милиони евра.
Секој навивач издвои по 850 евра за да учествува во акцијата за спас, со што учествуваа во наградната игра во која награди беа потпишани дресови, ВИП-пакети за домашните натпревари, па дури и вечера со капитенот Џексон Ирвин.
„Оваа кампања ќе отвори нови можности за нашиот клуб. Им благодариме на навивачите, сега кога сме мнозински сопственици на стадионот значително ќе ги намалиме трошоците“, изјави комерцијалниот директор на клубот, Вилкен Енгелбрахт.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА