Тотенхем се соочува во вистинска трансфер сага во која најдобриот играч сака да го напушти клубот. Хари Кејн прави се што може да замине од „Хотспур“ и да се пресели во редовите на Манчестер Сити, а доколку капитенот на англиската репрезентација успее во своите намери, челниците на лондонскиот клуб ќе тргнат во офанзива за ангажман на достојна замена. Тотенхем покрај доведувањето на класичен напаѓач планира дополнително да го засили тимот со Филипе Кутињо, кој функционира одлично веднаш зад навалната линија.
Имено, лондонскиот тим покажал сериозен интерес за ангажманот на Кутињо, пренесуваат шпанските медиуми. Бразилецот кој во каталонскиот тим пристигна во 2018 година не успеа да осигура место во почетниот состав, а со оглед на финансиските проблеми тимот од „Камп Ноу“ и сака да го продаде скапиот играч.
Со 29 години Кутињо има што да им понуди на „петлите“, но прашањето е дали ќе успее да ја најде посакуваната форма од деновите кога настапуваше за Ливерпул. За „црвните“ напаѓачот одигра 201 натпревар, постигна 54 голови, а 43 пати асистираше кон своите соиграчи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА