„Доктор“ меѓу диреците: Зомер против Баерн имаше неверојатни 19 одбрани!

Голманот на Борусија Менхенгладбах, Јан Зомер во натпреварот против Баерн Минхен забележа неверојатни 19 одбрани.

Домашниот тим беше подобар ривал во текот на целиот меч, имаше дури 35 обиди кон голот, од кои 20 беа во рамките, а Зомер успеа да им одбрани неверојатни 19 топки, и една да заврши во неговата мрежа.

Оценет е со перфектна оценка „10“, а воедно постави и нов рекорд по бројот на одбранети удари. 11 одбрани имаше внатре во шеснаесетникот, две боксувани топки, четири пати ја острани опасноста и еднаш фати висока топка. Имал вкупно 74 допири со топката.

Зомер е вистинска легенда на Менхенгладбах. Во клубот е веќе цели осум години, а пред почетокот на сезоната се шпекулираше дека ќе оди во Манчестер Јунајтед како резерва за Де Геа, но ја одби таа можност.

Се вчитува...