Вториот најефикасен играч во Бундеслигата во претходната сезона, неодамнешниот фудбалер на Штутгарт Серху Жираси е новото засилување на Борусија Дортмунд.
Репрезентативецот на Гвинеја потпиша четиригодишен договор, а трансферот беше комплетиран и покрај загриженоста во таборот на Борусија кога на лекарските прегледи беше откриено дека Жираси е повреден.
Подоцнежниот преглед на лекар специјалист утврди дека состојбата на Жираси може соодветно да се санира без операција, а со благослов на медицинскиот стручњак Борусија го комплетираше трансферот.
Напаѓачот ќе му се приклучи на тимот по периодот на рехабилитација, а од Дортмунд веруваат дека 28-годишниот стрелец ќе го имаат на располагање пред почетокот на сезоната.
You guys: “Announce Guirassy”
Us: “Okay” pic.twitter.com/wcQ9OEzJPE
— Borussia Dortmund (@BlackYellow) July 18, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА