Франческа Бонифаци, директорка на програмата за напредни клеточни терапии во Поликлиниката во Болоња, внимателно го следеше Синиша Михајловиќ во деновите на неговата болест.
Таа за италијанските медиуми изјави дека тој бил совршен пациент…
„За мене тој беше совршен пациент, со голема личност и во исто време со способност да има целосна доверба. Имаше многу лоша болест, една од најагресивните што ги имам некогаш видено. Пораката што тој ја даде на сите нас е храброста да се оди напред. Храброста да не се плашиш да се соочиш со нешто што не го знаеш, да знаеш да си веруваш, да се бориш без да се плашиш од болка .Тој многу страдаше, но тоа го направи со големо достоинство“, изјави Бонифаци.
За потсетување Михајловиќ почина вчера на 53-годишна возраст по долгата и тешка борба со леукемијата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА