„Докторот“ ја скрши ногата, опериран во Анкона

Италијанскиот мотоциклист Валентино Роси ја скрши ногата и заврши на операција во клиниката во Анкона, откако имаше несреќен пад на тренинг. Популарниот „Доктор“, мораше да работи прекувремено и тоа до 5 часот наутро, пишуваат медиумите на Апенините.

Роси заработил дислокација на тибијата на десната нога, повреда која морала итно да биде санирана со хируршки зафат. Тој бил пренесен во клиниката во Анкона, а операцијата траела до пет часот наутро. По оваа повреда јасно е дека тој отпаѓа од трката за шампионската титула во МотоГП.

Се очекува рехабилитацијата на Валентино Роси да трае околу два месеци.

 

Се вчитува...