Валентино Роси ќе мора да мине најмалку една ноќ во болница по незгодата што италијанскиот мотоциклист ја имаше при својот мотокрос-тренинг на патеката Кавалјара. Италијанските медиуми инфорираат дека „докторот“ Роси имал тежок пад, по кој останал да лежи на земјата. Тој експресно бил пренесен во најблиската клиника, каде лекарите по прегледите утврдиле дека не станува збор за животна опасност, но во секој случај тој има повреди во пределот на абдоменот што дополнително треба да се дијагностицираат.
Поради ова италијанскиот Мото ГП ас ќе мора да остане во болницата во Римини, додека не бидат финиширани сите прегледи, по што ќе биде јасно дали тој можеби ќе мора да пропушти и некоја трка од Мото ГП шампионатот.
Ова дефинитивно е „црн“ период за Роси, кој изминатиот викенд не успеа да ја заврши трката на патеката „Ле Ман“, иако водеше до последниот круг, кога најпрвин му дозволи на Вињалес да го мине, а потоа во обидот да го претрка излета од патеката и остана без пласман.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА