Докторот на „кариоките“ откри: Дани Алвеш ќе паузира шест месеци

Бразилскиот интернационалец Дани Алвеш дефинитивно ќе го пропушти Светското првенство во Бразил, но, за жал, ќе паузира и многу подолго од фудбалските терени. Тој ги скина вкрстените лигаменти на десното колено. Според последните предвидувања на докторот на бразилскиот фудбалски тим, Родриго Лесмар, десниот бек на ПСЖ ќе мора да паузира најмалку шест месеци од фудбалските терени.

„Нема друга опција освен хируршки зафат и санирање на проблемот“, објасни Родриго Лемар.

По ова, јасно е дека Дани Алвеш ќе го пропушти и стартот на следната фудбалска сезона во Франција.

Се вчитува...