Докторот на Марадона виновен за смртта на аргентинскиот ас!?

Обвинителството на Аргентина покрена истрага околу смртта на аргентинскиот ас, Диего Армандо Марадона.

Адвокатот на Марадона, Матијас Морла неодамна изјави дека можеби ќе бил жив доколку брзата помош реагирала побрзо, иако потоа од надлежните служби беше демантирано дека брзата помош затаила, затоа што на место пристигнала за точно 12 минути.

Но, обвинителството истражува дали погрешил личниот доктор на Марадона кој не ја информирал службата за брза медицинска помош за кој пациент станува збор.

„Дали може да испратите едно амбулантно возило во квартот Сан Андрес?“ – прашал докторот на Марадона, објаснувајќи дека се работи за маж од 60 години.

Јавноста во Аргентина смета дека и реакцијата на брзата помош би била побрза, но и поподготвена доколку знаеле дека се работи за Диего Армандо Марадона.

Се вчитува...