Докторот злоставувач на американските гимнастичарки доби 60 години затвор

Поранешниот доктор на гимнастичката репрезентација на САД, Лари Насар (54) осуден е на 60 години затвор поради сексуално злоставување на гимнастичарките и детска порнографија. Окружниот судија во Мичиген во образложението на казната рече дека Насар ја користел својата позиција како долгогодишен доктор на американската репрезентација и професор на Мичиген Стејт Универзитетот, за сексуални напади на млади жени што ги спроведувал со децении.

Насар се изјасни за виновен по обвинението за прибирање и за поседување детска порнографија како и за уништување на докази. Тој се изјазни виновен и за сексуално злоставување на млади жени кои биле на медицинска нега. Многу од 125 жени кои поднеле обвинение против него биле помлади од 13 години.

DoctorLarryNassar

Меѓу злоставуваните девојки жртви на докторот, е и олимписката шампионка Меккајла Марони која Насар ја злоставувал седум години, се додека минатата година не ја напушти гимнастиката. Злоставувањето се случувало на разни натпреварувања, вклучувајќи ги и Олимписките игри во Лондон во 2012 година, каде Марони освои златен и сребрен медал.

Почна кога имав 13 години во еден од моите први тренинг кампови во Тексас и не заврши додека не го напуштив спортот. Тој ја злоупотреби мојата доверба, го злоставуваше моето тело и остави лузни на мојата психа“ – изјави американската олимпијка.

Меѓу девојките кои преживувале ужас од докторот на репрезентацијата биле и освојувачката на бронзен медал  од ОИ во Сиднеј, Џејми Дејнчнер, американската шампионка Џесика Хауард и нејзината репрезентативна колешка Џенет Антолин.

Лари Насар како доктор на американската репрезентација учествуваше на четири Олимписки игри. Цивилната тужба ја терети и Американската гимнастичка федерација за прикривање на овој случај.

Се вчитува...