Поранешниот доктор на гимнастичката репрезентација на САД, Лари Насар кој е осуден е на 175 години затвор поради сексуално злоставување на гимнастичарките и детска порнографија е избоден во затворот каде што ја отслужува казната.
Информацијата која ја споделија медиумите во Соединетите американски држави ја потврди претседателот на локалниот синдикат на затворски службеници, Џо Рајс кој откри дека Насар е избоден 10 пати – два пати во вратот, два пати во грбот и шест пати во градите, но се наоѓа во стабилна здравствена состојба.
„Персоналот брзо реагирал со што веднаш се започнати мерки за спасување на животот. Затвореникот е префрлен во локалната болница каде се уште се наоѓа на лекување и процена“, информираат од затворот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

