Јирген Клоп уште еднаш покажа дека е класа за Маурисио Покетино откако успеа со неговиот Ливерпул да го прегази Челси на домашен терен со 4-1 во меч од 22. коло од Премиер-лигата.
Натпреварот кој требаше да биде дерби, тоа беше само до 23. минута кога Диого Жота донесе водство од 1-0. Во 39. младиот Бредли зголеми на 2-0, а гостите имаа среќа што на пауза не заминаа со поголема негатива бидејќи Дарвин Нуњез во втората минута од судиското продолжение промаши пенал. Сепак, водство од 3-0 за „црвените“ донесе Собослаи во 65. минута. Гостите намалија на 3-1 преку Нкунку во 71. минута, додека конечните 4-1 беа дело на Диаз во 79. минута.
Liverpool [4] – 1 Chelsea – Luis Diaz 79′
byu/PSGAcademy insoccer
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА