Докторска трка на Ферстапен за победа на Имола

Четирикратниот светски шампион во Формула 1, Макс Ферстапен стигна до победата на трката за големата награда на Eмилија Ромања која што се возеше на легендарната патека во Имола.

Иако Ферстапен стартуваше како втор, уште во првиоткруг го мина Оскар Пјастри и до крајот не дозволи никакво изненадување.

Второто место му припадна на Ландо Норис во Мекларен, додека подиумот го надополни неговиот клупски колега Оскар Пјастри.

Во топ 10 се најдоа уште и: Хамилтон, Aлбон, Леклер, Расел, Сајнц, Хаџар и Цунода.

Се вчитува...