Драмата со две продолженија во полуфиналниот дуел против МЗТ Скопје Аеродром, го одведе Работнички во финалето на кошаркарскиот Куп на Македонија. Работнички за трофејот ќе се соочи со Блокотехна.
„Ова беше навистина убав натпревар, можеби не толку од квалитативен аспект, туку поради неизвесноста што ја понуди. Немаше да биде незаслужено да победеше и МЗТ, но добро е што заврши во наша корист“ – вели тренерот на Работнички, Марин Докузовски.
Исцрпувачкото полуфинале сериозно ќе се одрази на играчите на Работнички во утрешната борба за титулата. Тоа го признава и Докузовски.
„Сигурно ќе имам проблем со играчите. По ваков натпревар, не само поради физичкиот напор, туку и поради емотивното празнење кое го носат дуелите со МЗТ ќе биде тешко да ги мотивирам играчите. Но, ќе мора да се кренат бидејќи финалето треба да биде празник“ – смета предводникот на тимот од „Градски парк“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА