Работнички е првиот финалист на кошаркарскиот Куп на Македонија и го очекува подобриот од дуелот меѓу МЗТ Скопје Аеродром и Блокотехна како свој ривал во утрешниот дуел за пехарот. Но, тренерот Марин Докузовски доби и непријатна вест, дека утре нема да може да смета на услугите на одличниот американски интернационалец Маркус Гинјард. Тој во денешното полуфинале заработи повреда на бутниот мускул и нема да може да им помогне на соиграчите во финалната пресметка.
„Гинјард заработи повреда и неговиот настап во финалето е сериозно доведен во прашање“, потврди тренерот на Работнички, Марин Докузовски по триумфот над Куманово.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА